Петрушевски: Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов

by irena 12:03
12:03

„Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов, бидејќи молчат и не го осудуваат линчот врз новинар. Костадинов е дете на Заев, кој има доста научено од него, а тоа го гледаме по заканите по живот врз новинар. Овие закани по живот врз новинар, докажуваат дека СДС нема што друго да понуди освен закани и сеење страв врз народот“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС уште веднаш требаше да го осуди неговиот повик за линч и да ги повика институциите да го истржат случајот, но со молкот докажуваат дека стојат позади неговите изјави. Во недостаток на политики и аргументирани критики, СДС и Филипче го пуштаат детето на Заев низ вода за да добијат медиумско значение“, посочува Петрушевски и додава:

„Филипче и Заев се црната страна на политиката во Македонија, синоним за неспособност, криминал и устен терор врз граѓаните“.

Слични вести