Петмина повредени во сообраќајка со три возила на патот Прилеп – Битола

by irena 09:19
09:19

Пет лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа во која учествувале три возила, а која вчера попладне се случила на излезот од Прилеп кон Битола, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Повредените биле пренесени на лекување во Градската болница „Борка Талески“ во Прилеп, каде им била укажана медицинска помош.

Според информациите од МВР, поради несреќата сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола бил во прекин во двата правци од 15:45 часот.

Слични вести