179
Денеска во Кочани ќе се одржи осумнаесетиот „Марш на ангелите“, кога се навршуваат точно пет месеци од трагедијата во која загинаа 62 млади лица, а над 200 се здобија со физички и психички повреди.
Маршот ќе започне во 18:05 часот, време кое симболично ја претставува доцната и фатална институционална реакција на надлежните.
Граѓаните и семејствата на загинатите ќе се соберат за да оддадат почит на загубените животи и да испратат порака дека нема да се откажат додека не ја добијат правдата за своите деца.