Пешак загина во сообраќајна несреќа во Кичево, возачот лишен од слобода

by irena 11:10
11:10

Осумдесет и двегодишен пешак од Кичево им подлегнал на повредите по сообраќајна несреќа што се случила вчера утро на булеварот „Ослободување“ во Кичево.

Несреќата се случила околу 06:55 часот, кога патничко моторно возило марка „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Ф.Л. од Кичево, удрило во пешакот С.Ш. (82) на обележан пешачки премин. По ударот, возачот го напуштил местото на настанот, но се вратил околу 07:10 часот, без возилото.

Повредениот пешак бил пренесен во Општата болница во Кичево, а поради сериозноста на повредите бил транспортиран во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 21 часот починал.

Од МВР велат дека возачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слични вести