Пензиите се зголемуваат од 1-ви октомври

by irena 15:14
15:14

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври.

По посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, тој најави дека следното покачување ќе следи напролет.

„Од 1 октомври започнува првичната корекција на пензиите преку линеарно зголемување, а нова корекција ќе има напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и вкупното линеарно зголемување ќе изнесува 7.000 денари по пензионер, што е над предвидените 5.000 денари кои ги најавувавме за време на кампањата“, изјави Мицкоски.

Слични вести