Според податоците на Пентагон, повеќе од 750 американски војници се ранети за време на операциите против Иран.
Од 757 припадници на американската војска кои се ранети од почетокот на војната кон крајот на февруари, повеќе од 580 се војници (од копнените сили).
Меѓу ранетите има и 86 морнари, 64 припадници на воздухопловните сили и 19 маринци.
Иако многу од повредите беа заведени како настанати за време на операцијата „Епски бес“ (Operation Epic Rage) – што е официјалното име на конфликтот со Иран – Пентагон кон крајот на јули воведе нова категорија за ранети војници наречена „Операции во странство“ во системот за анализа на жртви.
Од Пентагон соопштија дека тоа е направено бидејќи операцијата „Епски бес“ завршила, а војската одлучила жртвите поврзани со најновите напади да ги класифицира во нова категорија.
Според АП, Пентагон и Централната команда на САД не дадоа детали за тоа како настанале повредите или за степенот на штетата на американските бази. Сепак, официјални лица изјавија дека во повеќето случаи станува збор за трауматска повреда на мозокот.