Пациентка со рак на јајници била лекувана со терапија за дојка

by irena 12:57
12:57

Во судот се уште сведочи вештакот од Словенија викнат од Обвинителството – доктор Маја Равник и посочи дека пациентка  на докторот Нино Васев со рак на јајници била лекувана  со терапија за дојка.

-Од историите е очигледно дека промените во лекувањето не биле совесно бележани и многу пати се правени без какво било објаснување – рече таа.

Таа појасни дека кај пациенти со рак пред крајниот стадиум не се применува хемотерапија, имунотерапија или биолошка терапија поради нивната токсичност, туку се пристапува само кон палијативна нега. Ако пациентот е во лоша општа состојба, продолжувањето на таквата терапија само го влошува неговото страдање.“

Пациентка била лекувана со лекот ,,капецетабин“ и со ,,цетуксимаб“, иако за тоа немало индикација, тврди вештакот од Словенија.

 

 

Слични вести