По неотповикливата оставка на легендарниот тренер на КК Партизан – Жељко Обрадовиќ, Управниот одбор на белградскиот клуб денес се состана во Белград.
Заклучокот на раководството на Партизан е дека не ја прифаќа оставката на легендарниот тренер, иако е неотповиклива.
Извршниот одбор, на предлог на претседателот Остоја Мијаиловиќ, едногласно одлучи да не се согласи со оставката на Жељко Обрадовиќ и му даде безрезервна поддршка, со желба да остане прв тренер на КК Партизан Моцарт Бет и да ги преземе потребните чекори што ќе донесат подобрување на резултатите на црно-белите.
По оваа одлука, Клубот се обрати до Жељко Обрадовиќ и го замоли повторно да ја разгледа својата оставка, да се откаже од неа и да продолжи со својата работа.
Трофејниот стратег се врати во Хумска во 2021 година, а во својот втор мандат ги освои: АБА лигата – во 2023 и 2025 година, Српското првенство – во 2025 година.