226
Директорот на Македонски Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, извести дека се одвива континуирано отстранување на билбордите, рекламните паноа и други промотивни материјали од Железничката станица Скопје.
„Денес беа преместени билбордите поставени над булеварот Кузман Јосифовски Питу, на потегот Аеродром-Центар“, нагласи Ивановски.
Тој додаде: „Во претстојните викенди ќе продолжиме со реализацијата на активностите насочени кон враќање на првобитниот, автентичен изглед на скопската станица“. Ивановски ова го објави на својот Фејсбук профил, заедно со приложено видео.