2
Избувна пожар во Одделот за ортопедија во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Веднаш е извршена евакуација, а повикана е и противпожарната служба.
Од прозорците на болницата излегуваше чад.
Директорот на болницата, Синиша Стојаноски потврди дека ситуацијата е предизвикана од отпушок од цигара. Вели дека нема опасност за пациентите и медицинскиот персонал.
Засега не се соопштени детали за евентуална материјална штета.
Пожарот е изгаснат, болницата продолжува со нормално функционирање.