Авганистанецот обвинет за пукање во двајца припадници на Националната гарда ќе се соочи со обвиненија за убиство од прв степен за нападот што го натера претседателот Доналд Трамп да изјави дека ќе ја замрзне миграцијата од „земјите од третиот свет“ во САД, пишува Ројтерс.
Американската обвинителка за Вашингтон, Џанин Пиро, изјави дека ќе има и други обвиненија против 29-годишниот Рахманула Лаканвал, кој ги нападнал припадниците на Националната гарда од Западна Вирџинија во близина на Белата куќа во средата.
-Она што се случи при тоа злосторство е несомнено. Тоа е убиство со умисла. Ги надградуваме првичните обвиненија за напад во убиство од прв степен – изјави Пиро.
Осомничениот, според изјавата на Пиро која ја пренесуваат странските медиуми, ќе биде обвинет по три точки за напад со намера за убиство, како и по три точки за поседување огнено оружје за време на насилен напад.