Осма жртва од западнонилска треска, почина заболен од Драчево

by valentina 18:30
18:30

Западнонилската треска ја зеде осмата жртва. Почина 70-годишен жител на скопско Драчево, кој се лекувал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, објави Телевизија 24, повикувајќи се потврда од министерот за здравство Сашко Клековски.

-Пациентот се лекуваше на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а летална состојба настана во текот на вчерашниот ден. Пациентот беше со повеќе коморбидитети. Повеќе информации ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден, изјавиле извори од Инфективна за Телевизија 24.

Слични вести