194
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека војната во Украина нема да се реши на бојното поле, туку дека решението им е потребно на дипломатите, а не на генералите.
„Клучот е во преговорите. Ни требаат дипломати, а не генерали“, рече Орбан на платформата X.
Премиерот коментираше за напис на порталот „Еуроњуз“ во кој се објави дека францускиот претседател Емануел Макрон вчера имал „значајни“ телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин, за прв пат од 2022 година, објави МТИ, а пренесува Танјуг.