159
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, истакна дека светот е посигурно место по состанокот помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот колега Владимир Путин, што се одржа на Алјаска.
„Со години бевме сведоци како двете најмоќни нуклеарни сили ги укинуваат темелите на нивната кооперација и разменуваат остри пораки“, напиша Орбан на Фејсбук.
Тој дообјасни дека оваа практика сега е завршена.
„Светот денес е побезбедно место отколку што беше вчера“, изјави Орбан.