Орбан ги блокира заклучоците на Советот на ЕУ за земјите-кандидатки за членство

by irena 09:04
09:04

Унгарскиот премиер Орбан ги блокира заклучоците на Советот на ЕУ за земјите-кандидатки за членство. Ова го објави претседателката на Советот за општи работи, Мари Бер, министерка за европски прашања на Данска на вчерашната прес конференција во пресрет на самитот.

Во пракса, ова значи дека оваа година Европскиот совет нема да има заклучок за рамката за проширување на Унијата.

Усвојувањето на заклучоците на министерско ниво требаше да биде консензуален последен чекор пред конечната, стратешка и обврзувачка политичка одлука на состанокот на Европскиот совет (шефовите на влади на земјите-членки), кој ќе се одржи на 18 и 19 декември.

„Унгарија го блокира донесувањето заклучоци. Наместо тоа, ние ќе ги трансформираме нацрт-заклучоците на Советот во заклучоци на Претседателството (на Данска) со поддршка на 26 земји-членки“, објасни Бер.

Во последните месеци, Унгарија се спротивставува на европската интеграција на Украина. Неколку земји изразија загриженост дека денешната одлука во Будимпешта испраќа погрешен сигнал до кандидатите.

„Сакаме тие да ја изберат ЕУ, а не Русија“, рече Бер, изразувајќи жалење бидејќи некои од кандидатите постигнаа значителен напредок.

Слични вести