Општина Центар: Отстранети двете паднати дрвја, улицата повторно во функција

by irena 16:12
16:12

Општина Центар известува дека екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ навремено интервенираа и ги отстранија двете дрвја кои паднаа во близина на ООУ „Киро Глигоров“.

Благодарение на брзата реакција, улицата е целосно расчистена и повторно ставена во функција, посочуваат од Општината.

Две огромни дрвја, беа паднати во близина на училиштето „Киро Глигоров“ во Капиштец.  Истите го попречија сообраќајот,  повредени немаше.

Слични вести