Окупација

by Fokus

Полициски пунктови низ цел град, барикади на улица Самоилова, затворени сите девет приоди до црквата Свети Спас, полициски хеликоптер над Скопје чиниш 2001ва рокна пак. Зедов дел од иницијатива на граѓани да се стражари пред црквата Свети Спас со цел да се спречат провокатори, за волја на вистината педесетина на број, да во ваква една зовриена атмосфера со наци претензии, да го поганат гробот на великанот.

Пишува: Јанаки Митровски

Како никогаш досега и небаре во воена состојба помина прославата на сто педесет и едногодишнината од раѓањето на апостолот и национален херој Гоце Делчев. Причините општо познати, надворешната експанзионистичка политика на Бугарија која повторно зема замав, небаре сме во деветнаесети век, а потписот на Сан Стефано сеуште не се исушил.

Полициски пунктови низ цел град, барикади на улица Самоилова, затворени сите девет приоди до црквата Свети Спас, полициски хеликоптер над Скопје чиниш 2001ва рокна пак. Зедов дел од иницијатива на граѓани да се стражари пред црквата Свети Спас со цел да се спречат провокатори, за волја на вистината педесетина на број, да во ваква една зовриена атмосфера со наци претензии, да го поганат гробот на великанот.

На мое разочарување се собра група од само стотина луѓе, но колку сме толку сме, и од плоштадот тргнавме накај црквата преку Кале, односно улица Самоилова. И пред Austrian palace ете ти барикада од Единица за брзо распоредување, со полна спрема. Ги запрашавме во што е проблемот, да дојдел старешината. Пеки, ете ти го старешината, наредба имало. И? И толку наредба, небаре сме амеби. Па плукни и се на наредбата пријателе, ти прв треба да шеташ со нас!

СТАНИ ГОЦЕ, ТЕ ПРОДАДОА!

Нејсе, протестот беше мирољубив, нема да правиме циркузи и се монтиравме на лице место. Пар антифашистички песни, химната, и мала социјализација. Имаше неколку медиуми кој од мене побараа изјава при што изјавив дека ни се нарушени две основни права гарантирани со нашиот Устав и тоа правото на слободно движење на територијата на целата држава гарантирано со член 27 од Уставот, како и правото на протест предвидено со член 21 од Уставот.

Неколку луѓе на социјални мрежи ми реагираа дека овие права можеле да се ограничат од безбедносни причини. Па и не е баш така, точно е дека исклучоци постојат, кај правото на протест само за воена и вонредна состојба, а кај правото на движење inter alia, ако постои опасност по безбедноста на Републиката. Па Републиката нека оди и во пламен ако педесетина бугарски шовинисти ја плашат и поради тоа ги ограничуваат базичните права на сопствените граѓани бидејки суспендирање на уставно загарантирани права се екстремни мерки!!!

Онаа држава која не може да се справи со, на крај триесет нацисти колку што беа на граница, таа држава не треба да постои. Толку е едноставно. Проблемот можеше да биде решен со тоа што премеирот и министерот за внатрешни една недела однапред ќе кажеа јасно и гласно дека на овие лица ни под разно нема да им биде дозволено да доаѓаат и да се изживуваат со нас и готово, решен проблем, а не да се фемкаат со денови и недели.

Утредента на 4ти се пристапи многу по масовно што ми се допаѓа, иако поминав само еден час и морав да напуштам поради работни обврски. Но горчината ми останува, со свои триесет и седум години, сем брзо возење казна, немам прекршок против јавен ред и мир камо ли кривично дело, работодавец сум на прекрасни наши сограѓани, се здробив даноци плаќајки и ја живеам таа трагедија да било кој македонски или бугарски политичар има предност пред мене или друг сограѓанин.

Вечна му слава на даскалот, роден од мајка влаинка, но се сомневам дека почива во мир. Стани Гоце, те продадоа!

Поврзани новости