Охрид и Струга без електрична енергија по невремето

by irena 18:16
18:16

По невремето и поројниот дожд кој го зафати Охридско- струшкиот регион, Охрид и Струга останаа без електрично напојување.

Електричната енергија беше прекината нешто пред 17 часот со што се уште овој регион и околината немаат струја.

Причина за прекинот на електричната енергија е дефект поврзан со електроенергетскиот систем на МЕПСО.
Од МЕПСО за „Фокус“ велат дека има дефект на далноводната мрежа кој е предизвикан од невремето и наскоро ќе испратат официјални информации за причините и тежината на дефектот.

Слични вести