181
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против К.М.(23) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.
Како што информираат од МВР, тој, на 19. овој месец забележал жена од Дебар како од банкомат во Дебар подигнала пари, по што насилно и ги одзел парите и избегал.
Набрзо, тој е пронајден и приведен во полициска станица.