Ограбени се две скопјанки – едната остана без паричникот, на другата и ја украдоа цела чанта

by irena 13:46
13:46

МВР информира дека вчера попладне во 13:50 часот во СВР Скопје, О.Т.(64) од Скопје пријави дека околу 13:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на физичка сила и одзело паричник со пари и лични документи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Рано утринава, пак, во 01:00 часот во СВР Скопје, Е.М.(61) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и одзело чанта со паричник со лични документи, пари и два мобилни телефони.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести