Одземени уште три возила на лица кои возеле без возачка дозвола

by irena 11:03
11:03

МВР информира дека вчера во 09:45 часот на ул. „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 37 годишно лице од Битола.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „даеву” со битолски регистарски ознаки, управувано од приведениот, при што било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола.

Во координација со јавен обвинител, возилото било одземено, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Еден час подоцна, на патот Прилеп – Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 39 годишникод с.Кривогаштани, прилепско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управувано од приведениот, при што било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола.

Во координација со јавен обвинител, возилото било одземено, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 13:10 часот на ул. „Прилепска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 31 годишно лице од с. Драгожани, битолско.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес” со битолски регистарски ознаки, управувано од приведениот, при што било констатирано дека го управувал за време на мерка – забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

Во координација со јавен обвинител, возилото било одземено, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести