Одрон во тунелот на патот Скопје–Велес

by jadranka 20:10
20:10

Во тунелот на патниот правец од Скопје кон Велес има поголем одрон на една сообраќајна лента, при што на коловозот паѓаат камења.

Состојбата претставува опасност за учесниците во сообраќајот, поради што се апелира до возачите да возат со намалена брзина и зголемено внимание.

Надлежните служби се очекува да излезат на терен за расчистување на одронот и обезбедување на делницата.

Слични вести