Одбиена е жалбата – адвокатот Фехми Стафа останува во притвор

by irena 16:34
16:34

Адвокатот Фехми Стафа останува во притвор – одбиена е неговата жалба за притворот од 30 дена кој му е одреден поради примање мито.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на одбраната на осомничениот Ф.С. поранешен државен правобранител, против решение на судија на претходна постапка со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, по одржана седница и советување, донесе решение со кое – жалбата се одбива како неоснована и решението на судија на претходна постапка се потврдува.

Односно, Ф.С., за кој постои основано сомнение за кривично дело – Примање награда за против законито влијание, останува во притвор заради постоење на околностите од чл. 165 ст.1 т.1 и 2 односно Опасност од бегство и Влијание врз сведоци“ соопштија од скопскиот Кривичен суд.

Слични вести