Од сабота „Безбеден град“ ќе функционира и во Велес

by irena 14:43
14:43

Министерството за внатрешни работи информираше дека од сабота системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес.

По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес.

Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Покрај Велес, „Безбеден град“ досега функционира и во Скопје, Тетово, Куманово, Охрид, како и на одредени автопатски делници.

Слични вести