182
Вработен во казино во Кочани ќе одговара кривично затоа што од благајната одзел 332.330 денари.
Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против В.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 01.07.2025, пријавениот како вработен во подружница на казино во Кочани, од благајната одзел и присвоил 332.330 денари.