193
Од скопското обвинителство информираат дека ќе се жалат на одлуката на судија на претходна постапка да му одреди куќен притвор на напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска. Обвинителството бараше да му се одреди ефективен притвот, а тој доби куќен.
-За првиот осомничен судот определи мерка куќен притвор. Обвинителството не е задоволно од ваквата одлука и ќе вложи жалба, барајќи ефективен притвор поради наведените ризици во првичното барање. Во однос на вториот осомничен, предложените мерки на претпазливост се прифатени и определени, информираа од скопското обвинителство.
Двајцата осомничени се гонат за кривичното дело ,,Насилство”.