Обвинителството ја затвори истрагата за изградбата на модуларните болници, немало криминал

by valentina 13:17
13:17

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го затвори предметот за јавни набавки за градењето на 19 модуларни болници во државата, по дури пет години предистрага.

Предметот беше отворен на 10 септември 2021 година по допрен глас, откако се случи трагичниот настан во ковид-центарот во Тетово. Тогаш Обвинителството посочи дека ќе ја провери документацијата за набавката и изградбата на сите болници.

Обвинителката Верица Бержецка на брифинг со новинарите денеска кажа дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки. Овој предмет првично го отвори обвинителката Вилма Русковска.

Пожарот во модуларната болница во Тетово се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени.

Роднините на загинатите бараат одговорност и од поранешниот министер за здравство, Венко Филипче и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, сопственик на „Брако“.

Слични вести