100
По првичната информација дека во Гостивар, во населеното место Вруток, наводно имало незаконска интервенција во водоводната мрежа, поради што болницата е исполнета со граѓани кои се јавуваат со здравствени проблеми, од Обвинителството велат дека се постапува.
-По наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија по поднесена пријава во однос на квалитетот на водата за пиење, информираат од Обвинителството.
Засега не е познато колкав број на граѓани пријавил здравствени проблеми. Оваа информација ја очекуваме од здравствените власти во Гостивар.
В.В.