Обвинителката Трајчева да биде вратена на случајот: Родителите од Кочани незадоволни

by irena 18:57
18:57

На денешниот 39. „Марш на ангелите“ во Кочани, семејствата на загинатите го изразија своето незадоволство откако Советот на јавни обвинители вчера не ѝ го продолжи мандатот на обвинителката од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ивана Алексова Трајчева. Таа ги водеше трите предмети против полицајците обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“, поради што семејствата побараа нејзино враќање на случајот.

– Обвинителката Трајчева веќе подолг период работеше на случајот и е целосно запознаена со сите негови аспекти. Во интерес на правдата, континуитетот и ефикасноста, сметаме дека нејзиното отстранување од предметот не е во корист на постапката. Повикот на Советот на „правична застапеност“ при продолжување на мандатите на одредени членови, додека на обвинителката Трајчева ѝ се ускратува можноста да го доврши предметот што го водеше, отвора сериозно прашање: дали формата се става пред суштината – правдата? – изјави Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 г. Кочани“.

Тој нагласи дека барањето е јасно:

– Обвинителката да биде вратена на случајот. Ова не е прашање на поединец, туку на систем и одговорност. 63 изгубени животи не смеат да станат предмет на административни одлуки без последици.

Слични вести