1
Управата за хидрометеоролошки работи за денес најавува променливо облачно време со сончеви периоди. На одредени места ќе има зголемена облачност и услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 7 до 14 степени, а дневната ќе биде нешто повисока од вчера, односно од 17 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. На некои места повремено ќе има услови за краткотраен дожд.