Облачно време со обилни врнежи и ветер

by irena 07:50
07:50

Под влијание на циклонска активност, денеска и утре во Македонија се очекуваат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар, односно над 30 литри в четврток, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Поради продор на постудена воздушна маса, на повисоките места и планините дождот ќе преминува во снег денеска и в сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер, кој локално ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.

В петок и в сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а од недела се очекува стабилизација на времето и пораст на температурите.

Слични вести