200
Судијата Африм Фидани и официјално е претседател на Врховниот суд откако денеска даде свечена заклетва во Судскиот совет.
-Изјавувам и се колнам дека функцијата претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија суд ќе ја вршам чесно, совесно, независно и одговорно, ќе ги почитувам Уставот и законите на Република Северна Македонија и дека ќе ги почитувам слободите и правата на граѓанинот, изјави претседателот Фидани.
Тој пред пивеќе од еден месец беше избран за шеф на највисокиот суд во државата. За него гласаа осум членови на Судскиот совет. Петмина членови на Советот беа против, вклучувајќи го и актуелниот претседател на Судскиот совет Александар Камбовски.