НОВИОТ PEUGEOT 308 И PEUGEOT 308 SW: СЕРИОЗНО ГО СФАЌА ВОЗЕЊЕТО

by irena 15:54
15:54

• Задоволството при возење е приоритет кај целата гама на електрифицирани, префинети и ефикасни погонски единици, вклучувајќи го и 100% електричниот PEUGEOT E-308 кој сега овозможува опсег до 450 km.

• Новите модели на PEUGEOT 308 се илустрација на францускиот шарм кај дизајнот на PEUGEOT: тие се првите во гамата што се опремени со осветлен амблем, вистински потпис на брендот. Новиот преден дел вклучува и нова решетка и нов светлосен потпис во форма на три лавовски канџи, за уште повеќе привлекување на внимение на патот.

• Новиот PEUGEOT 308 овозможува беспрекорно и спокојно искуство благодарение на поврзаните услуги и иновативните функции V2L и Plug & Charge. (во зависнот од државата)

Со децении, PEUGEOT е еден од главните играчи на европскиот пазар за седани и каравани во сегментот C, нудејќи модели познати по нивниот препознатлив дизајн, задоволство при возењето и динамично однесување на патот. PEUGEOT 308 е дел од ова наследство, рангирајќи се меѓу најпродаваните модели во сегментот во бројни земји.

Денес, новиот PEUGEOT 308 го подигнува задоволството при возење на сосема ново ниво, со спектакуларен нов дизајн, уникатни динамички квалитети, гама на погонски единици кои ги задоволуваат сите потреби на клиентите повеќе од кога било, вклучувајќи го и уште поефикасен PEUGEOT E-308, а и новта гама на услуги кои овозможуваат ова исклучително искуство да продолжи.

PEUGEOT ги нуди новите модели PEUGEOT 308 и 308 SW со четири опции за погон, како што електричниот, plug-in hybrid, hybrid и дизел, и во пет нивоа на опременост, Style, Allure, GT, како и Business и GT Exclusive.

Дизајнирани во Франција и произведени во фабриката во Mulhouse, новите PEUGEOT 308 се израз на француската извонредност.

ФРАНЦУСКА ЕЛЕГАНТНОСТ
При нивното лансирање, PEUGEOT 308 и 308 SW оставија силен впечаток со нивниот смел и елегантен дизајн. Тие беа и првите автомобили во гамата што го имаа новиот амблем на PEUGEOT. Денес се оди уште подалеку со осветлување на амблемот.

Впечатлив стил

• За прв пат кај PEUGEOT, осветлен преден дизајн

Навистина впечатливо, тој дополнително го подобрува уникатниот карактер на PEUGEOT 308 и 308 SW. Амблемот на PEUGEOT, осветлен за прв пат, зазема централно место на обновениот преден дел, гордо потврдувајќи го изразот на брендот. Радарот за близина, дискретно скриен зад амблемот, останува невидлив за корисникот, а воедно обезбедува високо ниво на безбедност.

Над амблемот, сет светлечки нишки елегантно ја истакнуваат решетката и го продолжуваат осветлувањето кај PEUGEOT 308 кон новите предни светла, со што се нагласува цврста градба на автомобилот.

Обемниот став на новиот PEUGEOT 308 е нагласен со зајакнатите обемни екстензии на лаковите на тркалата од почетокот на крилата до крајот на предната страна и се протега до предните светла.

Трапезоидниот облик на долниот дел од новиот браник исто така го истакнуваат новиот PEUGEOT 308 на патот, надополнети со отворите за воздух на двата краја.

Дизајн и ефикасност: овие отвори за воздух на краевите на новиот браник го насочуваат протокот на воздух кон внатрешноста на лаковите на тркалата, правејќи ги новите модели на PEUGEOT 308 меѓу најаеродинамичните во сегментот. Оваа оптимизација придонесува за оптимизирање на потрошувачката на гориво, а кај plug-in hybrid и електрични верзии на опсегот.

Новата решетка има боја на каросеријата, беспрекорно интегрирана во каросеријата, во согласност со најновите модели на PEUGEOT. Кај сите нови модели на PEUGEOT 308, елементите на решетката се распоредени пошироко во центарот за да се оптимизира протокот на воздух и стануваат погусти кон страните, подобрувајќи го нејзиното визуелен изглед. GT нивото на опрема стандардно доаѓа со осветлен преден дел за дополнително да го нагласи неговиот препознатлив карактер.

• Остар изглед

Новиот PEUGEOT 308 се одликува со уникатен светлосен потпис, со три тенки LED светла во форма на канџи поставени во висина на поглделот за да се зголеми експресивноста на возилото. Овој култен потпис, кој исто така функционира како дневни светла и трепкачи (со секвенцијални трепкачи кај GT и GT Exclusive), целосно го отелотворува идентитетот на PEUGEOT.

За да се подобри експресивноста кај новиот PEUGEOT 308, функциите на осветлување, средно и долго светло, распоредени во два надредени хоризонтални делови (средно светло погоре; долго светло подолу) се позиционирани пониско. Благодарение на компактните модули, тие се дискретно интегрирани во браникот, станувајќи речиси невидливи кога е во мирување.
Предните светла имаат придобивка од новата PEUGEOT FULL LED технологија кај Style, Business и Allure нивоата на опрема и PEUGEOT Matrix LED технологијата кај GT и GT Exclusive.

Новите PEUGEOT 308 сега овозможуваат најдобар заден светлосен потпис во сите нивоа на опременост во форма на три наклонети LED канџи поставени од двете страни на елегантната црна лакирана лента над амблемот на PEUGEOT.

• Новите PEUGEOT 308 и 308 SW, спорт и елеганција

Споделувајќи ја истата ДНК, но претставувајќи два различни стила. Новиот PEUGEOT 308, со својот уникатен стил и совршено избалансирани пропорции, несомнено овозможува еден од најспортските дизајни во C сегментот. Новиот PEUGEOT 308 SW, целосно развиен модел во гамата, се издвојува со својот елегантен профил и софистициран заден дел што му овозможуваат да комбинира елеганција и практичност.

Уникатен карактер

• Нови фелни

Новите PEUGEOT 308 и 308 SW во Allure, GT и GT Exclusive ниво на опрема се опремени со сосема нови алуминиумски фелни со дијамантски сјај. Внесувајќи елеганција, иновација и аеродинамика, овие фелни се резултат на обемна работа на дизајнерскиот тим на PEUGEOT. Овие алуминиумски фелни се достапни во 17″ за Allure и во 18″ за GT и GT Exclusive. Сите електрични верзии на PEUGEOT 308 и 308 SW стандардно доаѓаат со новите 18” алуминиумски фелни со дијамантски сјај, во сите нивоа на опременост.
Style и Business нивоата на опрама сега имаат фелни со црна алуминиумска завршница.

• Впечатливи нови бои

Новиот PEUGEOT 308 е достапен во нова сина Lagoa боја, префинета и впечатлива. Палетата на бои кај новиот PEUGEOT 308 SW е збогатена со симболичната Ingaro Blue, ценета кај другите модели на брендот.

Изразат чувства со нијанса и префинетост

• Елегантен и пријатен дизајн на ентериерот

Динамиката на надворешниот дизајн се огледува внатре: линиите се елегантни, чисти и беспрекорно ги интегрираат инструмент таблата, 10” централниот екран на допир и главните контроли.

Уникатната архитектура на контролната табла е дизајнирана да ослободи максимален простор во корист на патниците напред. Висококвалитетните материјали, како што се вистинскиот алуминиум и Alcantara®, дополнително го подобруваат чувството на удобност.

• Елегантна нова графика за инструмент таблата

Сосема новит PEUGEOT 308 се стандардно опремени со дигитална инструмент табла, со нова 3D графика (опционална кај GT нивот опрема и стандардна кај GT Exclusive нивото на опрема), што придонесува за задоволство при возењето преку својата елеганција и оптимална читливост.

• Пет i-Toggles за поинтуитивни контроли

Интегрирани во елегантна црна лента под централниот екран на допир, петте i-Toggles им овозможуваат на корисниците на новиот PEUGEOT 308 да ги конфигурираат кратенките до нивните претпочитани поставки за одредени функции: климати, телефонски контакт, радио станица, навигација до дома, итн.

• Прилагодливо амбиентално осветлување

Кај новиот PEUGEOT 308 се обрнува внимание на секој детаљ, вклучувајќи го и амбиенталното осветлување (8 бои по избор) што се протега од контролната табла до панелите на вратите.

• Нов PEUGEOT 308 SW е исто толку практичен колку што е и елегантен

Новиот PEUGEOT 308 SW овозможува одлична секојдневна практичност благодарение на седиштата во вториот ред кои можат да се поделат на три дела (40/20/40) со контроли за преклопување достапни од багажникот.

На новиот PEUGEOT 308 SW Hybrid, во Allure, GT и GT Exclusive нивото на опрема, под на багажникот со две позиции помага идеално да се организира товарниот простор, со волумен од 598 литри до 1487 литри. Електричната врата на багажникот го олеснува пристапот до багажникот кога имате полни раце.

ВОЗЕЧКИ СЕНЗАЦИИ КОИ ГО ПОДОБРУВААТ ЗАДОВОЛСТВОТО

Повеќе од кога било, новите PEUGEOT 308 ја продолжуваат традицијата на моделите PEUGEOT во C сегментот, овозможувајќи исклучително задоволство при возењето.

Посветени на задоволство при возењето

• Динамично однесување кое поставува стандард

Наследувајќи ја реномираната експертиза на PEUGEOT за однесувањето на патот, новите PEUGEOT 308 се издвојуваат по својата агилност, динамичност и стабилност. Сензациите при возење се оптимизирани со ниската положба на возење и квалитетот на филтрација на вибрации што ја обезбедуваат суспензиите.

• PEUGEOT i-Cockpit® со уникатна ергономија

Клучен елемент за задоволството при возењето на PEUGEOT, познатиот PEUGEOT i-Cockpit® достигнува еден од своите најпрефинети изрази во новиот PEUGEOT 308. Со head-up инструментална таблата, компактниот управувач, ергономијата е исклучителна. Сè е природно позиционирано во висина на погледот и рацете на возачот, вклучувајќи ги и контролите лоцирани на централниот дел од контролната табла, кој е малку ориентиран кон возачот.

Сеопфатен избор на погонски единици

• Уште поголема одржливост со 100% електрични сензации со новиот PEUGEOT E-308
За да ги охрабри своите клиенти во нивниот премин кон електрична мобилност, кај новиот PEUGEOT E-308, PEUGEOT нуди особено високо-перформансна погонска единица со зголемен опсег. Еволуција што дополнително ја истакнува привлечноста на PEUGEOT E-308, кој веќе е рангиран како најефикасен автомобил на пазарот (зад E-208) на германскиот ADAC Ecotest 2024.

Електричниот мотор од 115 kW (156 КС) што обезбедува вртежен момент од 270 Nm овозможува динамичко забрзување. Тој е поврзан со батерија од 58,4 kWh (55,4 kWh употреблива) што работи на 400 волти.

Регенеративното сопирање овозможува непречено искуство при возење. Користејќи ги палките зад компактниот управувачот, возачот лесно може да го активира регенеративното сопирање на 3 нивоа, левата палка ја зголемува регенерацијата, а десната ја намалува… Трите нивоа на регенерација се: Ниско (-0,8 m/s²) за сензации како кај возилата со мотор со внатрешно согорување, Умерено (-1,3 m/s²) за зголемено забавување при отпуштање на педалата за гас и, Зголемено (-1,8 m/s²) за максимално забавување при отпуштање на педалата за гас и со тоа максимална регенерација. Последните две нивоа автоматски ги осветлуваат задните стоп светла.

Новиот PEUGEOT E-308 овозможува продолжен опсег до 450 km (комбиниран циклус според WLTP), со што се позиционира на врвот во својот сегмент во овој поглед. Овие перформанси, кои претставуваат напредок од 34 km во споредба со претходните модели, се постигнати преку посветена работа на ефикасноста.

Трофазен вграден полнач доаѓа како стандард, испорачувајќи 11 kW моќност. Приклучокот за полнење е компатибилен со сите режими на полнење. Од јавна станица за полнење од 100 kW, можно е да се полни од 20% до 80% за 32 минути.

• Разновидност и моќност на plug-in hybrid
Новиот PEUGEOT 308 Plug-in Hybrid со 195 КС комбинира електричен мотор од 92 kW (125 КС) со турбо 1,6-литарски 4-цилиндричен термички мотор од 150 КС (110 kW), за комбинирана моќност од 195 КС (143 kW). 7-степениот автоматски менувач со двојна спојка e-DCS7 гарантира брзо и непречено менување на брзините.

Овој plug-in hybrid од втора генерација вклучува батерија од 17,2 kWh што обезбедува дополнителни 20 km опсег, овозможувајќи 100% електричен опсег од 85 km (комбиниран циклус WLTP). Може да се полни за само 2 часа и 05 минути (полнач од 7,4 kW) или за 7 часа и 25 минути со користење на стандарден приклучок за домаќинство (10 A, 2,3 kW).

• Динамизам и едноставност на hybrid

За клиентите кои бараат прв пристап кон електрификација, новиот PEUGEOT 308s овозможува хибридна погонска единица од 145 КС поврзан со 6-степен електрифициран автоматски менувач со двојна спојка e-DCS6.

Благодарение на батеријата што автоматски се полни за време на возењето, оваа технологија обезбедува дополнително зголемување на вртежниот момент за особено динамично забрзување, а воедно одржува контролирана потрошувачка (4,7 до 5 l/100 km во зависност од моделот, комбиниран циклус WLTP). Во урбани средини, PEUGEOT 308 и 308 SW Hybrid 145 КС можат да возат до 50% од времето во 100% електричен режим со нула емисија.

• Ефикасен дизел за да ги задоволи сите потреби

Со посветеност на обезбедување решенија прилагодени на сите клиенти и употреба, PEUGEOT го нуди новиот PEUGEOT 308 со 1,5 L BlueHDi четирицилиндричен дизел мотор со 130 КС кој ја докажа својата ефикасност. Со својот автоматски менувач EAT8, тој е особено погоден за интензивно возење на долги релации.

Задоволство за сите патници

• Седишта за Ваше спокојство

Новите PEUGEOT 308 се одликуваат со елегантни, спортски инспирирани предни седишта. Седиштата сертифицирани од AGR, знак за извонредност доделен од независно здружение на медицински и здравствени професионалци за нивните ергономски квалитети и широк опсег на прилагодувања, се достапни како опција кај Allure и GT нивоата на опременост.

Функциите за масажа и греење за предните седишта се нудат и како опции кај овие верзии и се стандардни кај GT Exclusive нивото на опрема.

• Особено богата опрема за удобност

Новите PEUGEOT 308 поставуваат највисоки стандарди во својот сегмент за опрема поврзана со удобност.

Опционално кај GT нивото на опременост и како стандард кај GT Exclusive, AQS (Систем за квалитет на воздух) постојано го следи квалитетот на воздухот што влегува во кабината и, доколку е потребно, автоматски го активира рециклирањето на воздухот. Овој систем е надополнет со Clean Cabin, кој го третира воздухот со филтрирање на загадувачки гасови и честички.

За оптимална удобност, апликацијата за паметни телефони MyPEUGEOT овозможува далечинско програмирање на системот за климатизација/греење во автомобилот, осигурувајќи дека кабината е на идеална температура од моментот кога ќе тргнете. Опционалниот подвижен кров Ви овозможува да уживате во сончевата светлина.

За исклучително музичко искуство, како опција е достапен Focal® Premium Hi-Fi систем, резултат на неколкугодишна соработка во дизајнот помеѓу PEUGEOT и тимовите на Focal®, француски специјалист за висококвалитетен звук. Се состои од 10 звучници со ексклузивни патентирани технологии, спарени со 12-канален засилувач од 690 W.

Новите PEUGEOT 308 се стандардно опремени со целосна поврзаност, вклучувајќи функција за безжично пресликување на паметниот телефон за Apple CarPlay и Android Auto и четири USB-C приклучоци (два на предните седишта, два на задните седишта).

СЕКОЈДНЕВНИ ПАРТНЕРИ ДИЗАЈНИРАНИ ДА ТРААТ

Новите PEUGEOT 308 се најсовршениот израз на искуството на PEUGEOT во С сегментот…

Супериорен квалитет произведен во Франција

• Уникатни комбинации на материјали

Сите нови PEUGEOT 308 (Allure и GT) имаат уникатни материјали за седишта кои се особено елегантни и висококвалитетни. За уште поголема удобност и префинетост, GT Exclusive нивото на опрема може да има придобивка од тапацирот од Alcantara®.

Елеганцијата на оригиналните алуминиумски украсни облоги е еден од заштитните знаци на PEUGEOT 308. Достапни во GT нивото на опрема, тие се протегаат по целата ширина на контролната табла, продолжуваат на вратите за ефект на обвиткување, а се наоѓаат и на централната конзола.

• Префинетост во секој детаљ
Тркалата лоцирани на двата краја од долниот дел од задниот браник сега се покриени со особено елегантен црн лак. За современост, новите PEUGEOT 308 повеќе не се украсени со хром. Конечно, тие ги добиваат и новите монограми на PEUGEOT, кои комбинираат сериозност и префинетост.

• Високо ниво на рециклирачки материјали
Новите PEUGEOT 308 и 308 SW поставуваат нови стандарди за одржливост, интегрирајќи над 30% зелени материјали (рециклирани и обновливи) во нивната конструкција. Повеќе од 30 полимерни компоненти, како што се инструмент таблата направена од влакна од коноп и рециклирана пластика што се користи во браниците и кутиите за складирање, ја нагласуваат оваа еколошка посветеност.

Сите наши возила ги исполнуваат строгите критериуми за хомологација, со 85% рециклирање по тежина и 95% обновување.

Кај PEUGEOT 308 се користи 31% рециклирани материјали (405 kg), со 34% рециклиран челик и 58% рециклиран алуминиум, како и 40 kg рециклирани полимери и биоматеријали.
За PEUGEOT 308 SW исто така се користат 31% рециклирани материјали (423 kg), со 33% рециклиран челик и 58% рециклиран алуминиум, и 40 kg рециклирани полимери и биоматеријали.

Овие резултати ја покажуваат посветеноста на PEUGEOT кон заштитата на животната средина, правејќи ги новите PEUGEOT 308 и 308 SW одговорен избор за купувачите.

• Експертиза произведена во Франција
Новиот PEUGEOT 308 е дизајниран од дизајнерските тимови на PEUGEOT со седиште во Vélizy, во регионот на Париз. Сите нови PEUGEOT 308 се склопуваат во историската фабрика во Mulhouse, во источна Франција.

Целосен спектар на услуги за целосно спокојство

• Далечински ажурирања за секогаш врвна услуга

Кај новиот PEUGEOT 308 има далечински ажурирања на софтверот, овозможувајќи им на корисниците секогаш да имаат придобивки од најновите случувања без да мора да го посетат овластениот дилер.

• Најновата генерација на инфозабавни системи на PEUGEOT и поврзани услуги

Новиот PEUGEOT 308 во Style и Allure нивоата на опрема доаѓа како стандард со инфозабавниот систем PEUGEOT i-Connect®, овозможувајќи целосна поврзаност благодарение на функцијата за безжично пресликување (Apple CarPlay/Android Auto). Тие исто така имаат придобивка од пакетот услуги за поврзување PEUGEOT CONNECT ONE*: известувања за статусот на возилото и потенцијални повици испратени до паметниот телефон на возачот преку апликацијата MyPeugeot, е-Coаching преку совети прикажани на централниот дисплеј на автомобилот за оптимизирање на возењето во 100% електричен режим, е-ROUTES преку Free2Move Charge…
…

Технолошкиот искуство е комплетен кај новиот PEUGEOT 308 кај Business, GT и GT Exclusive нивоата на опременост со системот PEUGEOT i-Connect® Advanced, кој вклучува високо-перформансна поврзана навигација TomTom. Тие исто така овозможуваат пакет поврзани услуги PEUGEOT CONNECT PLUS** кој ја интегрира вештачката интелигенција ChatGPT поврзана со гласовниот асистент PEUGEOT, далечински команди преку апликацијата MyPeugeot (видете подолу), Trip Planer за патувања (видете подолу), лоцирање на возилото итн.

* Бесплатна претплата за 10 години.
**Бесплатна пробна претплата за 6 месеци.

• Апликација MyPeugeot за постојана поврзаност

Апликацијата за паметни телефони My PEUGEOT му овозможува на корисникот на новите PEUGEOT 308 и 308 SW да остане поврзан со своето возило и да пристапи далечински до бројни функции:

– Добивајте известувања за сите потреби за одржување, закажете термин директно со Вашиот PEUGEOT дилер и консултирајте се со Прирачникот за одржување на автомобилот во апликацијата.
– Лоцирање на возилото, на пример кога е паркирано на далечна улица.*
– Далечинско управување со заклучувањето на вратите и активирање на светлата или сирената за лоцирање на автомобилот.*
– Започнете или закажете претходно поставување на температурата. Освен удобноста, оваа функција помага во оптимизирање на опсегот кај plug-in hybrid и електричните верзии со предвидување на претходното ладење на температурата на батеријата кога возилото е вклучено во струја.*
– Прегледувајте, закажете, започнете или одложете го полнењето на батеријата за plug-in hybrid и електричните верзии. Ова не само што заштедува време, туку е и начин да се избегне трошење или трошење повеќе отколку што е потребно.*

*Достапно со пакетот PEUGEOT CONNECT PLUS.

• Целосно и оптимизирано електрично искуство (во зависност од државата)

За да им обезбеди спокојство на своите клиенти, PEUGEOT нуди Trip Planner кај новиот PEUGEOT E-308. Интегриран во поврзаниот систем за навигација и услугите PEUGEOT CONNECT PLUS, овој систем оптимално ги планира патувањата за да го максимизира опсегот на автомобилот и да го олесни полнењето. За да ја пресмета идеалната рута, системот го зема предвид растојанието што треба да се помине, нивото на наполнетост на батеријата при поаѓање, посакуваното ниво на наполнетост на батеријата при пристигнување и достапните станици за полнење кон дестинацијата, интегрирајќи ја предвидливата потрошувачка на енергија (врз основа на критериуми како што се брзината, сообраќајот, видот на пат и надморската височина).

Пристигнувањето на функцијата „ограничување на полнењето до 80%“(80% charge limitation) достапна за наизменична струја (AC), Ви овозможува да го прилагодите нивото на полнење на Вашата дневна употреба.

PEUGEOT E-308 сега се опремени со предизпозиција за функцијата V2L, овозможувајќи му на високонапонската батерија на автомобилот да напојува надворешни електрични уреди. На пример, за полнење електричен велосипед или за управување со мобилно осветлување. Системот може да обезбеди до 3,5 kW и 16 A. Адаптерот за напојување на надворешна опрема е достапен како дополнителна опрема кај дилерските салони на PEUGEOT.

Слични вести