Нови израелски напади врз Газа, загинати се најмалку шест Палестинци

by irena 22:54
22:54

Најмалку шест Палестинци загинаа во два одделни израелски напади во Појасот Газа, соопштија здравствените власти во средата. Медицинските служби известија дека најмалку четири лица загинале, а 14 биле ранети во израелски воздушен напад врз возило во населбата Тел ал-Хава во градот Газа. Една жена загинала во претходен воздушен напад врз станбена зграда во друг дел од градот.

Подоцна во средата, уште едно лице загинало, а неколку други биле ранети во израелски воздушен напад во близина на џамија во Кан Јунис, соопштија медицинските служби. Со тоа, вкупниот број на загинати во нападите тој ден се искачи на најмалку шест.

Израелската војска сè уште нема дадено коментар за пријавените напади. Израел тврди дека Хамас се превооружува и изведува напади со што го прекршува договорот за прекин на огнот постигнат во октомври, и наведува дека во последните недели ги интензивирал нападите врз оваа група.

Хамас негира дека се обидува да изведе напади или да го надополни својот арсенал и го обвинува Израел за поткопување на мировниот договор во Газа.

Договорот за прекин на огнот, постигнат со посредство на САД минатата година, предвидува и обнова на Појасот Газа. Сепак, преговорите досега бележат мал напредок, бидејќи страните не успеаја да се договорат за условите за разоружување на Хамас и за повлекување на израелските трупи. Бројот на жртви од почетокот на прекинот на огнот.

Во меѓувреме, израелските воздушни напади продолжуваат. Според палестинските здравствени служби, најмалку 1.400 Палестинци загинале во Газа од почетокот на прекинот на огнот, додека Израел наведува дека загинале четворица негови војници.

Палестинската управа тврди дека во израелската воена операција во Газа – започната откако борци предводени од Хамас убија околу 1.200 луѓе во јужен Израел во октомври 2023 година – вкупно загинале повеќе од 74.000 луѓе.

Слични вести