Земјотрес со сила од 6,3 степени по Рихтеровата скала е регистриран претпладнево во Тихиот Океан близу Камчатка, соопшти камчатскиот огранок на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките.
Според податоците од агенцијата, земјотресот се случил во 11.15 часот по локално време со епицентар 178 километри источно од Петропавловск Камчатски, на длабочина од 39,4 километри, пренесе РИА Новости.
Овој земјотрес уследи само еден ден откако Камчатка ја погоди најсилниот земјотрес во регионот во последните 70 години и еден од најсилните регистрирани воопшто во светот.
По првобитниот силен удар во средата претпладнето, сеизмолозите регистрираа повеќе од 200 последователни потреси, од кои најсилниот имаше магнитуда од 6,9 степени.
Земјотресот со сила 8,8, кој предизвика и цунами, се почувствува во Северо-Курилск, каде плимскиот бран достигна должина од 200 метри, а брановите беа високи до четири метри.