Николоски: И покрај проблемите со радарот, авиосообраќајот во ниту еден момент не беше загрозен

by irena 22:01
22:01

Александар Николоски – вицепремиерот и министер за транспорт во тв гостување рече дека и покрај проблемите со радарот, не била загрозена безбедноста.

„Ние имаме многу јасни безбедносни протоколи кои што целосно се почитуваат, и авиосообраќајот во ниту еден момент не беше загрозен“, рече Николоски.

Како што додаде, ниту еден лет не бил откажан.

„Вториот радар е постар од овој првиот. Сега со овој радар на Леонардо ќе се замени овој 27-годишниот, а после тоа ќе пристапиме кон купување нов радар, кој што ќе го замени постариот“ – рече Николоски.

Слични вести