Нетанјаху: Премиерот на Австралија е слаб политичар, го предаде Израел

by irena 12:48
12:48

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес го обвини австралискиот премиер Ентони Албанезе за предавство на Израел и напуштање на еврејската заедница во неговата земја.

„Историјата ќе го памети Албанезе за тоа што е – слаб политичар кој го предаде Израел и ги напушти австралиските Евреи“, рече Нетанјаху во објава на социјалната мрежа X, според „Тајмс оф Израел“.

Изјавата на Нетанјаху доаѓа само еден ден откако израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар објави откажување на визите за престој за дипломатските претставници на Австралија во Палестинската самоуправа.

Слични вести