Нетанјаху најави „многу изненадувања“ во Иран: Доаѓа моментот на вистината

by vlatko 23:07
23:07

Израелскиот премиер, Бејамин Нетанјаху, во видеопорака изјави дека војната против Иран ќе продолжи „без прекин и без компромиси“.

Тој нагласи дека Израел има „организиран план со многу изненадувања“ за следната фаза од војната со Иран, со цел „да се дестабилизира режимот и да се овозможат промени“, објави „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху им се обрати на припадниците на Иранската револуционерна гарда.

-И вие сте на наш нишан. Кој ќе го положи оружјето, нема да му се случи ништо. Кој нема да го направи тоа, сам ќе ги сноси последиците – рече тој.

На иранскиот народ Нетанјаху му порача дека се приближува моментот на вистината.

-Не се обидуваме да го поделиме Иран. Се обидуваме да го ослободиме Иран. Но на крајот од вас ќе зависи дали Иран ќе биде ослободен – нагласи тој.

Нетанјаху рече дека таквото ослободување на Иран би можело да донесе мир меѓу Израел и Иран.

Тој истакна дека американскиот претседател, Доналд Трамп, на нивната средба во декември му рекол:

„Биби, мора по секоја цена да го спречиме Иран да дојде до нуклеарно оружје.“

Слични вести