Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли планот од 15 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, наведувајќи дека нема да се случи повлекување на војската сè додека Хамас не биде „вистински“ разоружан.
Одборот за мир на Трамп минатиот месец соопшти дека постигнал договор за „целосно разоружување“ на Хамас и другите вооружени групи во Газа.
Но, Хамас изјави дека предавањето на неговото тешко оружје зависи од тоа Израел да ги прекине „сите форми на агресија“ и да ги повлече своите сили од Газа.
Израел продолжи да извршува напади врз Газа откако се согласи на почетен прекин на огнот на територијата минатиот октомври.
-Израел го отфрла документот од 15 точки – рече Нетанјаху, додавајќи дека израелската војска „нема да изврши никакво повлекување сè додека Хамас не биде навистина разоружан и ќе продолжи да ги спречува заканите против нашите сили и нашите граѓани.