„Нешто што ќе остане“ по четврти пат: Општина Центар го слави 50-годишниот јубилеј со голем музички спектакл

by irena 12:37
12:37

Скопје, подготви се за традиционалниот музички спектакл под отворено небо!

Оваа година, хепенингот „Нешто што ќе остане“ го слави своето 4-то издание, и тоа во знак на еден голем и важен јубилеј — 50 години Општина Центар!

Општина Центар ја продолжува традицијата како единствена општина која дава 100% поддршка на домашната сцена и ангажира исклучиво македонски уметници.

Кој ќе ја загрее атмосферата?
• Слаткар — со неговите најголеми хитови кои ги знаеме сите!

• 2 Бона — хип-хоп/трап енергија што го крева целиот град на нозе!

• Дупер — со нивниот ексклузивен скопски настап специјално за оваа вечер!

• Лина Пејовска & Барбара Поповиќ — извонредни вокали за совршена увертира!

Домаќин на вечерта: Неповторливиот Сашко Коцев, кој со својот препознатлив хумор и харизма ќе се погрижи за смеа и забава помеѓу настапите!

Дојдете заедно да го прославиме јубилејот, да пееме во еден глас и да создадеме уште еден спомен што навистина ќе остане.

• Влезот е слободен за сите!
• Почеток: 20:00 ч.
• Локација: Парк на Франкофонија

Ве очекуваме!

Слични вести