Наутро ведро и студено, преку ден до 20 степени

by irena 07:54
07:54

Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Како што информира УХМР, денеска и за време на викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко.

Во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини.

В понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.

Слични вести