Наставничка во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија е на боледување 16 години и прима целосна плата, но сега Врховниот суд пресуди дека тоа е завршено и дека мора да се подложи на лекарски преглед, објавија денес германските медиуми.
Наставничката од градот Дуизбург не работи од 2009 година и не држела ниту еден час, но и покрај ова прима плата секој месец, објави Билд.
Таа континуирано го продолжувала боледувањето поради ментални проблеми.
Во сите тие години, наставничката само еднаш го посетила лекарот, а причината за тоа била што покраината Северна Рајна-Вестфалија не издала соодветна наредба.
Кога конечно ѝ било наредено да оди на преглед во април оваа година, таа се обидела да го избегне тоа и поднела жалба во која навела дека по 16 години болест што ја спречила да работи, наредбата „веќе не е разбирлива“.
Сепак, Административниот суд во Диселдорф ја отфрли нејзината жалба, а таа одлука беше поддржана од Високиот суд на 12 август.
Сега докторите треба да утврдат дали наставничката навистина не е способна за работа, а во тој случај таа нема да ја добива целосната плата, туку намалена пензија и ќе мора сама да ги сноси трошоците за постапката.