Напаѓачот на Арсовска од куќен оди во затворски притвор

by irena 15:18
15:18

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе одлука за замена на куќниот со затворски притвор за С.Љ., осомничен за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на Бит Пазар.

Како што информираат од Судот, одлуката е донесена врз основа на проценка дека постои опасност осомничениот да избега, како и можност за повторување на делото.

„Имено, С.Љ., осомничен за кривичното дело Насилство по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, на 12 јули беше спроведен во судот, при што му беше определена мерка куќен притвор. Но, по дополнителна проценка, Советот на судот утврди дека постојат околности што оправдуваат изрекување на мерка притвор во скратена постапка“ – стои во соопштението од Кривичниот суд.

Слични вести