Напад врз патнички воз во Украина – десет лица се повредени

by irena 21:43
21:43

Десет лица се повредени денес при напад врз патнички воз во областа Суми, во северниот дел на Украина, соопшти украинската служба за вонредни состојби на Телеграм.

„Локомотивата и патничкиот вагон се запалија. Додека го гаснеа пожарот, спасувачите ги префрлија повредените во возила на брзата помош“, се наведува во соопштението.

Вториот напад бил извршен додека траела спасувачката операција, но не се пријавени нови повредени лица, додаде истиот извор.

Украинските железници во посебно соопштение на Фејсбук наведоа дека, во близина на линијата на фронтот, возниот парк и железничката инфраструктура се меѓу главните цели на руските сили.

Денес, еден железнички работник загина во напад со дрон врз патнички воз што сообраќаше меѓу Днипро и Запорожје, соопштија службите за вонредни состојби.

Слични вести