Според досегашните информации, во нападот со нож што се случи денеска во училиште во баварскиот град Шонгау, повредени се четири лица, од кои две потешко, а 16-годишниот напаѓач е уапсен кратко по инцидентот.
Според полицијата, нападот се случил околу 13:00 часот во зградата на средното училиште во градот во Горна Баварија, кој брои околу 12.000 жители.
Како што во меѓувреме соопшти полицијата, во нападот тешко се повредени две девојчиња, а осомничениот за нападот има 16 години. Полицијата засега не ги соопшти мотивот и идентитетот на напаѓачот, ниту точниот број на повредени.
Автомобилскиот клуб ADAC известува дека во Шонгау се испратени шест хеликоптери за да им помогнат на повредените. Шонгау се наоѓа југозападно од баварската метропола Минхен.