Намалена казната за Гордана Филиповиќ – Прегази и усмрти пензионер на пешачки во Скопје

by irena 12:15
12:15

Судот денеска ја осуди Гордана Филиповиќ на две години и шест месеци затвор, поради тоа што во 2022 година го прегази и усмрти 76-годишниот Слободан Ангеловски на пешачки премин кај мостот „Гоце Делчев“, спроти Македонскиот народен театар.

Предметот се судеше по вторпат, откако Апелацискиот суд ја укина претходната пресуда. Според првата пресуда, Филиповиќ беше осудена на три години затвор, но со новата одлука казната е намалена на две години и шест месеци. Новата пресуда ја изрече судијката Лидија Петровска.

Синот на починатиот, Столе Ангеловски, го изрази својот револт од пресудата:

– „Максимално сум разочаран од судството во Македонија. Две години и шест месеци за обвинетата која направила сериозни прекршоци – брзо возење и незастанување на пешачки. Судството не е ни два процента, туку е на минус 20 проценти. Ова е шокантна и некоректна пресуда“, изјави тој.

Адвокатот на Филиповиќ, Владимир Туфегџиќ, најави жалба до Апелацискиот суд, посочувајќи дека делото не било сторено со умисла, туку од небрежност.

Слични вести