Цивилната заштита на Појасот Газа објави дека 52 лица загинале, од кои осум деца, во денешните напади на израелската војска. Ова е значително зголемување на бројот на жртви, откако претходно во текот на денот беше објавено дека загинале 23 лица. Нападите се случиле во централните и во јужните делови на палестинската територија.
Според Цивилната заштита, 17 луѓе загинале во напад од воздух врз група граѓани. Тие се наоѓале пред медицинскиот центар во градот Деир ал Балах, во централниот дел на Газа.
Овој напад предизвика најголем број на жртви.
Израелската војска, пак, соопшти дека во истиот град, Деир ал Балах, целта на нивниот напад бил еден припадник на Нукба.
Тоа е елитната единица на палестинското движење Хамас. Според нив, тој учествувал во „масакрот на 7 октомври 2023 година“ во Израел.