Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на околу 235, додека повеќе од 4.300 лица се повредени, изјави денес министерот за здравство Карлос Алварадо.
Алварадо изјави за државната телевизија дека до четврток во 19 часот, здравствените установи згрижиле повеќе од 4.300 повредени лица, од кои повеќето имале полесни повреди, но имало и пациенти со тешки и умерени повреди, објави Си-Ен-Ен.
Да ве потсетиме дека земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела во текот на ноќта помеѓу среда и четврток.
Во земјата беше прогласена вонредна состојба, а воздушниот и железничкиот сообраќај беа прекинати, како и наставата во училиштата.
Привремениот претседател на Венецуела, Делси Родригез, ја посети државата Ла Гваира, подрачјето најпогодено од земјотресите.
За време на посетата, Родригез одржа состанок со локалните и државните претставници за да ја процени ситуацијата на терен, нагласувајќи дека приоритет е брзо да се донесат оперативни одлуки за заштита на животите на граѓаните и да се обезбеди помош на погодените семејства, објави CNN.
Според соопштението на претседателството, како дел од планот за вонредни ситуации, наредена е мобилизација на тешка механизација и итна дистрибуција на основни потреби, вклучувајќи вода за пиење, храна, душеци и ќебиња.