Награди по избор на критичарите 2026: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм

by irena 12:05
12:05

Филмот „Една битка по друга“ (One Battle after Another) со Леонардо ди Каприо и Шон Пен, е големиот победник на 31. доделување Наградите по избор на критичарите (Critics Choice Awards 2026). Остварувањето ја освои Наградата за најдобар филм, а Пол Томас Андерсон е награден како најдобар режисер. Сепак, најмногу признанија – вкупно по четири им припаднаа на филмовите „Грешници“ (The Sinners) и „Франкенштајн“.

„Грешници“ триумфираше во новата категорија за најдобар кастинг и филмска екипа, а ги зеде и наградите за најдобар млад актер, оригинално сценарио и музика. А пак, „Франкенштајн“ ги освои одличјата за најдобра споредна машка улога (Џејкоб Елорди), најдобар продукциски дизајн, најдобар костим и најдобра фризура и шминка.

Во главните категории за глума, победија Тимоти Шаламе за неговата улога во филмот „Марти Величествениот“, и Џеси Бакли за „Хамнет“. Најдобра женска споредна улога одглуми Ејми Мадиган во „Исчезнатите“ (Weapons).

Слични вести