190
Тешки поплави и лизгања на земјиштето предизвикани од монсунските дождови во Пакистан и во пакистанскиот дел на Кашмир однесоа над 300 животи.
Според локалните власти, најголемиот број жртви се од провинцијата Хајбер-Пактунхва на северозападот на земјата, каде што поплавите уништија најмалку 74 домови.
При спасувачките операции, хеликоптер се урна, при што загинаа пет членови на екипажот, пренесува Би-Би-Си.
Во пакистанскиот дел на Кашмир загинаа девет лица, додека во северниот регион Гилгит-Балтистан пет луѓе го загубија животот.
Владините метеоролози најавуваат продолжување на обилните дождови до 21 август во северозападниот дел на земјата, каде повеќе области се прогласени за катастрофални зони.